Затворени повеќе улици во Скопје поради Водици

 

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен денеска за време на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од 10 часот до завршувањето на манифестацијата во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени ул. „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Кеј 13 Ноември“ до бул. „Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10 часот ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански одреди“, десно по ул. „Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул. „Демир Трајко“ и лево по ул. „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на  Вардар.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2019 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега