ФОТО: Скопје вечерва меѓу десетте најзагадени градови во светот - останете дома

 

Според „Ер вижуал“, специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје вечерва е на шестото место во светот според загаденоста.

Мерните станици во моментов покажуваат дека ПМ-10 честичките се неколку пати над дозволеното, а најзагадено е кај Ректоратот во Скопје.

Се препорачува и ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Поради загадување на воздухот и надминување на утврдниот праг на информирање на ПМ10 честичките над 100 микрограми на метар кубен во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Скопје, градоначалникот на Град Скопје упатува препораки до населението.

Од Град Скопје препорачуваат граѓаните да избегнуваат користење на возила; да се користи јавниот превоз; рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено; за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал; да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци; печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот; редовно да се чистат оџаците; да се одложат сите активности на отворено и да се почитува забраната за дотур на роба во централното градско подрачје во периодот согласно со издадените одобренија од Градот Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега