ВИДЕО: Српскиот селектор збесна на тајмаут: Баба ми ќе играше подобро од вас
Ракометната селекција на Србија изгуби во денешната пресметка против Бразил во склоп на третото коло од прелиминарната фаза на Мундијалот во Германија и Данска.
Селекторот Ненад Перуничиќ буквално збесна и „експлодираше“ на еден од тајмаутите на 15-тина минути од крајот кога не бираше зборови со кои им се обраќа на своите ракометари.
„Се додавате во место и на крај му ја давате на 18-годишно момче. А ти, алиби играч, каде си? Зошто пивотот ти стои во средина кога претчува играчот? Тоа е зашто немаш во главата. Срам да ви е! Баба ми можеше да игра подобро од вас“, се дереше Перуничиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа