Селекторот на Јапонија разочаран: Не заслуживме толку убедлив пораз, голманот на Македонија беше одличен

 

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа над Јапонија од 38:29 го започна настапот на Мундијалот во Германија и Данска.

Селекторот на „Самураите“, Дагур Сигурдсон, смета дека неговата репрезентација не заслужила толку убедлив пораз.

-Разочарани сме од убедливиот проаз, бидејќи сметам дека одигравме доста солидно на овој натпревар. Голманот на Македонија беше одличен на голот. Македонија играше и седум на шест, но мислам дека успеавме до некаде да ја контролираме таа нивна игра, но по неколкуте грешки во нападот, Македонија дојде до висока предност и тука веќе беше крајот, изјави јапонскиот селектор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега