Подготевете се навреме- без вода денеска дел од населба Капиштец

 

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација" известуваат дека денес поради дефект без вода ќе бидат дел од жителите во населба Капиштец, како и на улицата „Душан Тацковиќ" во Скопје. Според известувањето на претпријатието, прекинато водоснабдување ќе има се до завршување на интервенцијата.

„Ве известуваме дека на 9 јануари поради дефект на ППХ на ул. „Ганчо Хаџипанзов" раскрсница со ул. „Капиштец", прекинато водоснабдување од 10:10 часот ќе бидат корисниците на улица „Ганчо Хаџипанзов" и „Капиштец" до завршување на интервенцијата. Поради уличен дефект на ф-80мм на ул. „Душан Тацковиќ" бр.12 , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица од 09:15ч до завршување на работата", се вели во соопштението на Јавното претпријатие „Водовод и канализација".

 
 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2019 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега