По Барселона Вардар ќе атакува на нова победа против Динамо

 

По нерешениот резултат со Барселона, денеска Вардар пред нов предизвик. Црвено-црните во Минск ќе го отворат 2.коло од Лигата на шампионите, одмерувајќи си ги силите со Динамо.

Тренерот Зоран Кастратовиќ за Белорусија поведе 18 играчи. На оние 16 кои играа против Барселона ги додаде двајцата кои од Металург летово пристапија во Вардар, голманот Петар Ангелов и Мите Стоилов.

Дуелот Динамо Минск – Вардар почнува во 18 часот.

Вечерва од 19 часот се игра уште еден дуел од 2.коло во ЛШ. Во Д групата се среќаваат Халмштат и Флензбург. 

25.09.2013 - 10:15
Фото: 
википедија.мк

најчитано сега