Макрадули: Во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска изврши увид на мерната станица во Центар. Притоа ја искористи можноста да информира дека напорите на Владата на Република Македонија, но и на сите други институции за намалување на аерозагадувањето веќе даваат резултати.
Анализата покажува тенденција на намалување на највисоките измерени ПМ10 вредности на годишно ниво, односно пад на највисоката регистрирана загаденост на воздухот. Просекот од највисоките ПМ 10 вредности од сите мерни станици паднал од 336 во 2017 година на 189 во 2018 година.
во Карпош, постои двојно намалување на ПМ 10 и тоа од 525 максимална вредност во 2017, сега во 2018 се измерени 245
во Миладиновци (од 423 на 188), во Битола 2 (од 530 на 184)
Куманово (од 450 на 205) и Центар (од 482 на 224)
Секој од нас може да придонесе – заедно можеме да го спроведеме Планот за чист воздух и да се спротиставиме на загадувањето и на загадуавачите. Ова е стратешко прашање на Република Македонија бидејќи сите дишеме ист воздух“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









