Се станува зависен од неа: Ова е играта што на Шилегов му беше поважна од загадувањето
Helix Jump се вика играта која на скопскиот градоначалник Петре Шилегов му беше поинтересна од дебатата за загадувањето. Откако порталот Pressing TV објави видео на кое може да се види како Шилегов си игра игрички додека околу него дебатираат пратеници, професори, експери и активисти на невладините организации, јавноста реагираше бурно. За помалку од половина час по објавувањето видеото изобилува со коментари со критики.
Граѓаните се шегуваат на сметка на градоначалникот. Велат дека можеби Шилегов нашол апликација која помага во чистењето на воздухот.
Шегата на страна. Од играта на ШИлегов се станува зависен. Барем така вели нејзиниот производител кој на овој начин и ја рекламира на социјалните мрежи. Но ако се решите да ја играте, симнете ја од PlayStore преку овој линк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









