УЈП отвори шалтер за регистрација на системот е-ПДД во Општина Кисела Вода

 

Општина Кисела Вода ги информира граѓаните дека во склоп на Општината во барака број 4, Управата за јавни приходи отвори шалтер за регистрација на системот е-ПДД и прием на барања за регистрација. Канцеларијата која започна со работа денес ќе биде отворена до 31.12.2018 година, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Од УЈП соопштија дека за дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот на телефонскиот број 0800 33 000.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2018 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега