ФОТО: Откорнат опашот на скулптурата бик на улица „Македонија“

 

Скулптурата бик која беше дел од проектот „Скопје 2014“ со која се фотографираа посетителите на главниот град беше мета на несовесни граѓани, како што е објавено на ФБ профилот „Скопје Скопска“.

„Конечно говедата успеаја. Секојдневно се качуваа, го јаваа, корнеа, висеа и бикот попушти.

Со свои очи сме виделе како тетки од по 40 години висат на роговите и се качуваат на главата, а тинејџери се нишаа на опашката. Каде се градските редари и полицијата во Центар. Се надеваме дека Град Скопје ќе интервенира и ќе го завари опашот и повнимава што се случува во центарот на градот“- стоо во опис на фотографијата од Бикот на улица „Македонија“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2018 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега