Шилегов ќе се бори за најзелен град со апликација на 150 страници

 

Градот Скопје апликацијата за ова престижно признание ја поднесе во октомври годинава. Апликацијата која е на 150 страници содржи вовед и опширни одговори на прашања за постојната состојба со животната средина во градот, минатите активности во оваа област и плановите и чекорите што ќе ги преземе Град Скопје до 2021 година во 12 индикатори (показатели), и тоа: ублажување на климатските промени, приспособување на климатските промени, одржлива урбана мобилност, одржлива употреба на земјиштето, природа и биодиверзитет, квалитет на воздух, бучава, отпад, води, зелена површина и еко-иновација, енергетски перформанси и управување.

-      

Параметрите по кои ќе не оценуваат се од 12 области од животната средина, при што се гледа појдовната позиција на градот пред една година кога јас ја преземав функцијата градоначалник, што е преземено во таа година и која е стратегијата на градот за подобрување на условите во средината и за развој. Признанието „Европска зелена престолнина“ не се однесува само на зеленилото, тоа е начин на функционирање на градот - алтернативниот превоз, енергетската ефикасност, транспортот и сите други мерки што ги преземаме за подобрување на животот на граѓаните. Во наредниот период ќе бидеме под засилен надзор, очекувам дека нашата стратегија за поздрава и почиста животна средина ќе наиде на позитивно мислење во Европската комисија. Самото прифаќање на нашата кандидатура е показател дека Скопје е на добар пат да ги надмине проблемите во кои живееме – објаснува градоначалникот Шилегов

Апликацијата ја составуваа следните експерти од областа на животната средина предводени од Менка Спировска:

-      

Јулијана Никова (Индикатор 1 – Климатски промени – Ублажување);

-      

Марија Николовска (Индикатор 2 – Климатски промени – Адаптација);

-      

Јован Христоски (Индикатор 3 – Урбана мобилност);

-      

Дивна Пенчиќ (Индикатор 4 – Одржливо користење на земјиштето);

-      

Славчо Христовски (Индикатор 5 – Природа и биолошка разновидност);

-      

Билјана Герасимовска (Индикатор 6 – Квалитет на воздух);

-      

Бошко Ников (Индикатор 7 – Бучава);

-      

Ана Стојановска (Индикатор 8 – Отпад);

-      

Тања Николовска (Индикатор 9 – Води);

-      

Славјанка Пејчиновска Андонова (Индикатор 10 – Зелен раст и еко-иновации)

-      

Ирена Златановиќ (Индикатор 11 – Енергетски перформанси), и

-      

Борис Стипцаров (Индикатор 12 – Управување).

Во составувањето на апликацијата беа вклучени и стручни лица од секторите во Град Скопје, како и повеќе државни институции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2018 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега