ВИДЕО: Студентка порача - Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача студентката Симона на денешниот протест против загадувањето.
– Оваа држава треба да се бојкотира, сите патишта да се блокираат, бидете малку свесни за тоа што го живеете. Вие може ќе си одите за година – две , но стапката на смртност ќе порасне, ќе умираме од астма , ќе умираме од рак, респираторните патишта ни се загушени. Доста сме активни само на Фејсбук и Инстаграм , излезете и кажете дека сте дошле да се борите за чист воздух, рече Симона, пренесе Макфакс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









