Во Скопје вчера екстремно загадено - како да се заштитите од загадениот воздух?

Во изминатите денови загаденоста на воздухот со присуството на штетни честички беше неколку пати над дозволената граници, а таа состојба ќе се задржи во текот на целата зима, па затоа треба да се заштитите.
1. Следете го нивото на загадување во вашето населено место и доколку е над дозволените граници, надвор движете се само доколку е неопходно и носете маска со филтер.
2. Избегнувајте движење, трчање и вежбање во периодите кога нивото на загаденоста на воздухот е високо. Потребно е нашите читатели да знаат дека загадувањето на воздухот во текот на денот е највисоко во периодот од 11-18 часот, па затоа доколку планирате какви било активности најдобро е истите да се извршат рано наутро или доцна навечер.
3.Избегнувајте физичка активност во близина на сообраќајници со голема концентрација на возила, особено во периодите со погуст сообраќај. Познато е дека прометните автопати го загадуваат воздухот во пречник од 1км.
4.Формирајте здрави навики. Не користете автомобил доколку се работи за блиска дестинација. Препорачливо е пешачење или возење велосипед.
5. Не смее да се гори отпад бидејќи во голем процент придонесува за загадување на воздухот.
6. Не користете фосилни горива(нафта, прегорено автомобилско масло, јаглен, ќумур и сл.) за загревање на ваште домови.
7. Не дозволувајте пушење во просториите во кои престојувате.
Извор: Скопје инфо
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









