Ќе се поремети сообраќајот за Задушница - избегнете ја гужвата

По повод верскиот празник Задушница утре на градските гробишта во Делчево во периодот од 7 до 11 часот сообраќајот ќе се одвива со изменет режим.
Од Полициското одделение за општа надлежност Делчево информираат дека сообраќајот до градските гробиштата ќе се одвива наизменично односно сите возилата ќе се упатуваат согласно сигнализацијата за чие регулирање ќе биде задолжена дежурна полициска екипа.
– Ги известуваме возачите дека по потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и затоа апелираме да се почитуваат наредбите од полицијата како и сообраќајните правила и прописи согласно дадените сигнали, информираат од ПО-ОН во Делчево.
Од Црквата „Успение на Пресвета Богородица” ги известуваат граѓаните дека посетата од страна на црковните старешини ќе се одвива во три интервали почнувајки од 7 часот наутро.
Со цел достојно одбележување на Задушници во Делчево претходно екипи на комуналното претпритие Брегалница вршеа чистење околу гробните површини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









