Сообраќаен режим утре по оваа улица во Скопје

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради извршување  градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот Партизански одреди во Влае, како и асфалтирање прекоп извршен од БЕГ кај Порта Влае, претстојниов викенд ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

„Утре (03.11.2018 година, сабота) со почеток од 8 часот, ќе се затвори бул. Партизански одреди на потег од крстосницата со ул. Никола Парапунов до мостот Влајко, во правец од Центар кон Ѓорче Петров. Сите возила и автобуси кои ќе гравитираат од Центар кон Ѓорче Петров, ќе се пренасочат по улиците Московска и Васил Чакаларов или по улиците  Скупи и Ацо Шопов.

Во недела (04.11.2018 година) ќе биде целосно затворен за сообраќај бул. Партизански одреди во насока од Ѓорче Петров кон Центар. Сите возила и автобуси на ЈСП кои ќе се движат од Ѓорче Петров кон Центар, ќе се пренасочат по улиците Васил Чакаларов и Ацо Шопов.

Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат  својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација“ стои во соопштението од Град Скопје.

 

 

 

02.11.2018 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега