Откриена причината за пожарот во Детската болница во Козле

Пожар во детската болницата за белодробни заболувања во скопско Козле беснееше денеска, а според податоците до кои дојде Press24 во пожарна било пријавено дека гори покривната конструкција, но извори во болницата велат дека пожарот избил во еден од тоалетите.
Директорот на Болницата Ангелчо Андоновски за НОВАТВ изјави дека веднаш било реагирано и пожарот бил изгаснат. Децата кои се сместени во тој дел од зградата од болницата се евакуирани. Нема повредени лица во пожарот, а причин била спој во инсталацијата во една од бањите.
01.11.2018 - 13:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









