ФОТО: Уништена новата опрема во Градскиот парк во Скопје

 

Викендов беше уништена инсталацијата на исечените дрвја, во градскиот парк во Скопје.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој ги постави фотографиите на неговиот Фб профил, искажа разочараност од однесувањето на поединци.

Идејата на екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, е да изработуваат  куќички од трупците  на старите исушени  дрвја низ градот.

Оттаму информираат дека идејата е во иднина, наместо стеблата на сувите или болни дрва да се сечат до земјата, да прераснат во разни интересни форми, кои би го привлекле вниманието на минувачите.

 

 

 

29.10.2018 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега