Дехидрирано бебе лежи на Клиника - полицијата трага по мајката

 

Дехидрирано бебе, но без знаци на повреда било донесено вчера на Клиниката за детски болести во Скопјеа во придружба на полиција и со екипа на Итна медицинска помош, пренесува Плусинфо.

По мајката на бебето, неофицијално, која како што информираат од Плусинфо се породила дома, сѐ уште се трага, а новороденчето лежи само на Клиника.

Бебето, за кое надлежните не откриваат дали е машко или женско, било донесено од насебата Стар Аеродром, каде вчера во зградата на улицата „Методија Шаторов Шарло“ се случувала вистинска драма. Од раните утрински часови во станот имало викотници. Околу 11 часот женско лице пријавило дека во нејзиниот дом на оваа улица се појавила нејзината ќерка со новороденче во рацете.  

 

– Во 11.40 часот вчера на Клиниката за детски болести е примено новороденче, во придружба на полиција. По приемот и проценката на виталните функции на одделот за интензивна нега, новороденчето со стабилни параметри е префрлено на одделот за неонатологија. При приемот бебето било дехидрирано, но без знаци траума. Тоа е со стабилни параметри и почнало да се храни. Контактирани се социјалните служби – изјавија од Клиниката за детски болести и фебрилни состојби за Плусинфо. 

Ќерката, за која постои сомневање дека се породила дома, го оставила новорододенчето кај мајка си и го напуштила местото. Новороденчето било однесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на преглед, велат од СВР Скопје.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на мајката на новороденчето, но и за расчистување на целиот случај.

 

 

 

24.10.2018 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега