Блокирани сите улици од Карпош до Ѓорче

Повторно е блокиран булеварот „Партизански одреди” на потегот од трговскиот центар Сити Мол до Ѓорче Петров, поради изведба на градежни работи, пренесе Курир.
Блокирани се и алтернативните патишта, со гужва во сообраќајот. Растеретување на гужвата се обидува да направи полицијата, но залудно.
Во наредниот период треба да започне реконструкцијата и на преостанатиот дел на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, поточно делницата од мостот Влајко до мостот Обединети нации.
17.10.2018 - 11:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









