Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром: Паднавме од власт затоа што го гласавме ДУП-от за Мајчин Дом

 

Нашето изгласување на ДУП-от И10 што се однесува на делот кај „Мајчин дом“ е причина што сме сега во опозиција, рече советникот во општина Аеродром, Климен Стоилов на денешната вонредна седница на Советот посветена на изградбата на зграда кај „Мајчин дом“,  пренесе Макфакс.

Тој исто така обвини дека актуелниот градоначалник изнаоѓа причини да го спроведе ДУП-от, а јавно говори дека е против тоа.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јасминка Дамческа, рече дека градоначалникот Марин доколку веднаш по доаѓањето на позиција направел ревизија на ДУП-овите немало да дојде до ваква ситуација. Таа, исто така, му порача на Марин дека на избори ќе биде казнет исто како претходниот градоначалник Ивица Коневски.

Марин пак останува на ставот дека за ситуацијата во Аеродром виновна е претходната гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ и дека сега општината нема друга опција освен да издаде дозвола за градба за зградата кај Мајчин Дом.

 

 

 

 

12.10.2018 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега