Го сакам Водно демантира: Не е постигната согласност со активистите за гасоводот, машините на терен

Граѓанската иницијатива Го Сакам Водно во потполност го демантира соопштението на МЕР АД Скопје, со кое ја информираше јавноста дека активностите на планината за гасоводот продолжиле откако била постигната согланост со граѓанските активисти.
„Ширење лажни вести како официјално соопштение е сепак пострашно од fake news (лажни вести) , нели Миле Бошњаковски и Бајрам Реџепи? Освен, ако нема некои нови, преку ноќ одгледани граѓански активисти“, се вели во демантот на Го сакам Водно.
Вчера планинари и активисти забележаа дека повторно машинерија работи на скопската планина. Иницијативата Го сакам Водно објави и видео во кое активистка застануваа пред багер, барајќи дозвола за градба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









