Повторно протест во Аеродром: Жителите вечат градоначалникот што ветил не исполнил

Жителите на Аеродром и за денеска со почеток во 17 часот, најавија протест против изградбата на висококатница во паркот пред „Мајчин дом“. Ова е втор ден како се протестира по протестот вчера.
Меѓу своите барања жителите на Аеродром наведуваат: итно стопирање на градежните активности, итно дислоцирање на градежната механизација и итно вклучување на граѓаните во носењето одлуки за овој анти-граѓански донесен ДУП. Имаме право да одлучуваме за својата општина и својот град! Стопирајте веднаш!, стои во повикот за денешниот протест.
Жителите вчера порачаа дека градоначалникот што ветил не исполнил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









