Скандал во скопска градинка: „Децата ги ставаат во шкафче да ги јадат бубачките“

 

По скандалот во гевгелиската градинка, каде воспитувачка грубо и непристојно се однесува кон децата, нов скандал го тресе овојпат скопскиот регион, поточно во градинката „Буба Мара“, главното седиште во Ново Лисиче каде две негователки грубо се однесувале кон деца, и истите биле заворани во шкафче да ги јадат бубачките.

Фокус пренесе сведоштво од загрижен родител: - „Тоа што се случува во градинката е навистина страшно. Пред извесно време, мојата ќерка била удрена со боичка по главата. Останатите кои биле темпераментни, биле затворани во шкафче, да ги јадат бубачките“, раскажува Маја.

Родителот испратил писмо и до Министерството за труд и социјална политика и општина Аеродром.

 

 

 

09.10.2018 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега