Паркот кај Градежен ќе биде отворен за сите граѓани

 

Паркот пред зградата во која работат Градежен факултет и Архитектонски факултет ќе биде отворен за сите граѓани, особено за студентите и корисниците на библиотеката „Браќа Миладиновци“.

Ова е предвидено со потпишаниот меморандум за соработка меѓу Градот Скопје, Архитектонски факултети и Градежниот факултет во кој Градот се обврзува целосно да го оплемени просторот, односно да го уреди паркот, а факултетите  да го одржуваат.

Целта е унапредување и заштита на животната средина и разубавување на урбаниот лик на Скопје, што ќе овозможи, развивање на општествената свест за значењето на животната средина и зачувување на природата.

 

 

 

03.10.2018 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега