Зимско работно време на Градски Паркинзи од денеска - до кога ќе се наплаќа?

Од денеска почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ - Скопје.
Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот.
- На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, од понеделник до сабота од 7:00 до 23 часот, соопшти ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.
01.10.2018 - 08:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









