Пијани возачи, нерегистрирани и непрописно паркирани возила - полицијата демне во Скопје

 

 

Еден возач на мотоцикл и еден сопатник во автомобил се потешко повредени, а 17 лица полесно повредени во 36 сообраќајки што викендов се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

За пречекорување на пропишаната брзина се санкционирани 198 возачи. Соообраќајната полиција исклучила од сообраќај 171 лице, од кои 111 бидејќи управувале под дејство на алкохол и 44 кои возеле пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

Од сообраќај се исклучени 32 нерегистрирани возила.

Изречени се мерки за непрописно паркирање на 112 лица, а „пајакот“ подигнал 77 возила. 

 

 

 

24.09.2018 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега