Графити „Бојкот на референдум“ и „Северна никогаш, Македонија секогаш“ осамнаа на градинка

Како што се ближи денот кога ќе се одржи референдумот, така се повеќе граѓаните го искажуваат своето мислење, па дури и јавно.
Овој пат на погрешно место.
Графити со натпис „Името ни е идентитетот“, „Северна никогаш, Македонија секогаш“ осамнаа на детска градинка во Скопје. Социјалните мрежи бурно реагираа на ваквата слика што се остава пред најмладите, без разлика на политичката определба и нивното мислење за референдумот.
Ова е градинка. Децата учат и цртаат. Ќе ве мразат затоа што сте невоспитани. Или просто стока. Малку ги плашите, ама ќе ги гушкаме многу. Така како што вас не ве гушкале. pic.twitter.com/RO6Biu4Mdl
— V!Dana North Dsgn (@VidanaDeSign) September 20, 2018
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









