Токсиколози за Сител: Амонијакот е отровен, но во поголема количина влијае на здравјето на станарите

Цела населба се крена на нозе после вчерашниот настан во близина на трговскиот центар „Скопјанка“ откако во стан беа пронајдени пренатрупани пелени од кои се ширела лоша миризба низ целата зграда. Станарите беа евакуирани, а Брзата помош морала да интервенира само кај еден станар, ка кој се јавило гушење поради мирисот, пренесува Сител.Помош му била дадена на лице место, а додека амбулантното возило било на булеварот речиси 5 часа повеќе жители од зградата побарале медицински совети, изјавија од службата 194 за Сител.
Од токсикологија за Сител велат дека ниту еден од станарите не завршил на клиниката. Доктор Беќаровски смета дека најверојатно се работи за помали количини на амонијак од употребените пелени кој само предизвикал иритација, но не и труење од опасниот гас.
- Премногу мали количини кои можат да делуваат ититативно и на очите и на слузницата, теоретски и на белите дробиви, но се далеку од концентрации кои можат да предизвикаат сериозни проблеми по здравјето, кај жителите со астма ХОББ и воспаление на белите дробови може да е подраматична сликата, изјави д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија.
За семејството кое живеело во станот со пренатрупаните користени пелени од починатата старица токсиколозите велат дека најверојатно се навикнале на лошиот мирис и затоа не барале помош.
- Најверојатната причина поради која самата фамилија не побарала пшомошѓ е што пелените постепено се трупале и постепено било ослободувањето на амонијак. Така да они постепено се прилагодиле на концентрацијата кои кај останатите би предизвикале надразнувачко дејство. Инаку опасни концентрации се 25 процентни раствори. Така што тоа се концентрации коишто нема шанси во пелените да се постигнат, додаде д-р Беќаровски.
Инаку амонијакот е отровен гас и доколку се вдижува во многу големи количини, според лекарите може да предизвика сериозни оштетувања на белите дробови и други компликации по здравјето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









