Се чека единица на АРМ кај Скопјанка - никој не знае од што е миризбата

Се уште ште не се знае причината поради која се чувствува остар мирис во зградата на булеаврот Кузман Јосифовски Питу 15 во скопската населба Аеродром, а станарите се сеуште на улица.
Градоначалникот Петре Шилегов кој дојде на местото каде е пријавен случајот изјави дека неговите инспектори ја немаат потребната опрема:
„Се чека да дојдат екипи од Министерство за внатрешни работи и Министерството за одбрана Тие треба да дојдат со своја специјална опрема, за да се изврши анализа на хемискиот состав на миризбата. Потребно е време да се земе опремата, затоа уште не се стигнати, не станува збор за брзи единици“ рече Шилегов, пренесе СДК.МК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









