Шутка слави: Вечерва голема журка на плоштадот

Општина Шуто Оризари вечерва ќе го прославува носењето на Законот за територијална поделба со кој и стана посебна општина.
Општинските власти во соопштение потпишано од градоначалникот Курто Дудуш, јавуваат дека по тој повод, денеска на пладне општинскиот совет ќе одржи свечена седница а во вечерните часови на плоштадот во општината ќе се одржи манифестација на која свое присуства најавува градоначалникот и членовите на општинскиот совет.
Од општината ги повикуваат граѓаните да им се приклучат на прославата на Денот на Шуто Оризари.
12.09.2018 - 11:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









