Тензично пред хотелот Порта: Со полиција сметководителите ги спречија колегите да влезат на седницата

 

Со полиција и приватно обезбедување сметководителите спречија некои од своите колеги од Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) да влезат на денешната седница на собранието. Ситуацијата тензична, пренесе Макфакс.

„Во изминатите две години, ИСОС, наместо да ја врши функцијата за која е создаден – за унапредување на сметководствената професија во Република Македонија, во своето работење се соочува со сериозни неправилности, непотизам и нетранспарентност во изборот на органите на ИСОС, финансиски криминал и слично, нешта за кои Министерството за финансии веќе реагира и по чии забелешки требаше да се постапи. Но, наместо почитување на записникот, работата на Институтот целосно се блокира. Се одржа скандалозното собрание на 3 мај, кадешто ниту еден став на подружниците не беше исполнет, спротивно на Статутот на ИСО, а намерата и за денешното нелегитимно закажано собрание е иста, зад затворени врати и под притисоци и манипулации да се изгласаат одлуки и акти за исполнување нечии лични интереси. Затоа, денес, стоиме тука, во знак на протест и незадоволство, го повикуваме Министерството за финансии како надлежен орган да им даде привремена мерка на сите акти што денес ќе се изгласаат сè до записникот од инспекцискиот надзор“, рече Сандра Андреева во име на сметководителие на кои не им беше дозволен влез на седницата.

 

 

 

10.09.2018 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега