Контролорите на ЈСП повторно со вишок енергија: На 2 недели по еден патник јаде ќотек

Контролорите на ЈСП очигледно имаат многу вишок енергија. Денешната информација дека контролор на ЈСП претепал патник во автобус на јавното претпријатие не копија на веста која ја објавивме пред една недела, ниту пак на онаа од месецот пред тоа, ниту пак на таа од јуни. Речи си по 1 патник на ЈСП на секои две недели добива ќотек од контролорот. Причините се различни. Од несовесни патници, нервозни и афектни контролори па се до тешкото време и цената на билетите.
Директорот на ЈСП мака мачи да најде решение на овој проблем, па презема мерки од типот казна на плата од 30% и укор.
Сепак, како најдобро решение очигледно ќе биде на контролорите од ЈСП, Град Скопје да им уплати часови за бокс. Ќе трошат енергија а ние патниците нема да јадеме ќотек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









