„Звуците на културата“ за прв пат во населба Ѓорче Петров

 

Во паркот во општина Ѓорче Петров вечер почнува манифестацијата „Звуците на културата“, што ќе трае до 23-ти овој месец и на која ќе настапат познати македонски музички бендови и изведувачи.

Манифестацијата ќе се одржи за првпат годинава, ќе има и базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалаци од локални производители. 

На „Звуците на културата“ ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе, ПМГ Колектив, Кристина Арнаудова, Тони Зен, Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Бени и Нон Стоп, Токсиколози, Чил Плеј, Миле Кузмановски, Милко, Летечки Пекинезери и многу други.

 

 

 

10.09.2018-10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега