Пекарата „Силбо“ пред рушење?

Ќе се руши ли новиот објект на пекарата Силбо во трговскиот центар Бисер во скопски Аеродром веројатно е главната дилема која што ги мачи сопствениците на објектот кој ако профункционира на ова место, веројатно ќе биде вистински хит меѓу младите.
Во сторијата која ја објави ТВ24, сопственикот на објектот тврди дека градбата е легална но сопствениците на останатите дуќани во трговскиот центар тврдат дека станува збор за дивоградба.
Единствен став немаат ниту надлежните институции, во случајов, Град Скопје и Општина Аеродром, пишува ТВ24.
„Според докуметот од инспекторатот на Град Скопје објектот има отстапување од елаборатот, односно место тенда има изградено објект од монтажна конструкција. Тие наложиле на инспекциските служби на Општина Аеродром да постапат согласно законските овластувања. Но и покрај тоа, иако и од Здружението упорно барале од Општината и градоначалникот да постапат тие уште не добиле одговор, а објектот се изградил. Најавуваат масовни протести доколку проблемот не се реши.“ – јавува телевизијата.
Сопственикот на „Силбо“ Силјан Милев за Телевизија 24 само кратко одговорил дека објектот е легален, без да навлегува во детали. Неговите партнери од КСT кои заедно со Силбо го градат објектот за телевизијата тврдат дека ги поседуваат сите документи
И покрај писмениот мејл и порака до градоначалникот Златко Марин, од Општина Аеродром телевизијата не добила одговор на обвинувањата зошто дозволува пред негови очи да никне дивоградба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









