150 граѓани побарале обесштетување откако ги каснало куче - Град Скопје треба да им даде пари

 

144 граѓани имаат судски предмети по основ на надомест на штета од како биле каснати од куче. Износот за наплата се движи од 60  до 180 илјади денари, суми што ги исплаќаат град Скопје и Јавното претпријатие Комунална хигиена, пренесе канал5.

„Доколку кечето гризнало, нападнало човек тогаш тоа се посматра 15 дена, доколку кучето е агресивно се еутанизира, доколку е добро тогаш се стерилизара се вакцинира и се дава на сопственик кој ќе се грижи за него“, вели др. Горан Ѓеоргиевски ветеринар во стационарот „Вардариште“ во Скопје .

Од Варадриште велат дека има кучиња за вдомување и дека може љубителите да земат, но со одговорност истите да не бидат по неколку дена исфрлени на улица.

Во Скопје од почетокот на годината заловени се околу 700-тини кучиња. 

 

 

 

20.08.2018 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега