Фото: Шилегов промовираше фасада на гимназијата „Јосип Броз Тито" направена пред 4 години

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се пофали дека се отпочнало со изработка на енергетски ефикасна фасада на средното училиште Јосип Броз Тито. Доколку се пребара на сајтот на градот Скопје ќе се види дека иста таква фасада е направена 4 години порано, јавува Курир.
На сајтот на градот Скопје стои иформација дека средното училиште добило енергетски ефикасна фасада пред 4 години.

Упатените велат дека може да се работи на внатрешна реконструкција, но не и на фасадата бидејќи енергетски ефикасна фасада доби училиштето во 2014-та година како резултат на заеднички напори на градот Скопје, тогашниот градоначалник Трајановски и германската амбасада која финансираше дел од средствата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









