Подгответе се на време - во оваа населба во Скопје утре ќе нема вода

Поради изведување на водоводен приклучок од Ф 125 мм, на ул.Пушкинова бб, без водоснабдување утре ќе останат корисниците од оваа улица во населба Кисела Вода, во истоимената општина.
Како што соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
06.08.2018 - 16:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









