Соседот спречил поголема катастрофа: Се запали стан во Скопје

Во 03,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје се јавил 38-годишниот Б.Т. кој пријавил дека истиот ден околу 02,45 часот на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во станот на соседот С.Т.(51), кој не бил во домот, избувал пожар во тоалетот.
Од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат при што од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил запечатен станот се до доаѓање на сопственикот.
Денес околу 09,00 часот откако пристигнал сопственикот на станот бил извршен увид и констатирано било дека причина за пожарот било неисправна електрична инсталација.
05.08.2018 - 14:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









