МЖ Транспорт: Воспоставен железничкиот сообраќај од Лисиче до Усје

 

Железничкиот сообраќај на потегот од железничката станица Лисиче до железничката станица Усје од денеска повторно се воспоставува, информираат од МЖ Танспорт АД Скопје.

Поради тоа, потенцираат, на булеварот „Борис Трајковски“ ќе има повремени застои во сообраќајот, за извлекување и поставување вагони во фабриката Усје.

Од МЖ транспорт апелираат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, за да не дојде до несакани последици.мж

 

 

 

03.08.2018 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега