Го сакам Водно: Багерите копаат на Водно без одлука од Владата

 

Граѓанската иницијатива Го сакам Водно соопшти денеска дека Владата и покрај тоа што вети дека трасата за гасоводот ќе биде променета, сепак во изминатите денови багерите работеле на големо по старата, спорна траса.

– Багерите работеле деновиве, по старото сценарио, кое години наназад добро се установи, во ек на летни одмори удри и гради против граѓанскиот став кој аргументирано бара градење НАДВОР од Водно! Порамнето, искршен сртот, БЕЗ официјална одлука на Влада! И не, да бидеме јасни, НЕ се како што рекоа МЕР и Кочо Анѓушев 10 метри и НЕ е по изменетата траса која ќе ја намалела штета, туку по старата!! Држава ли е ова или ШТО?!, се вели во нивното соопштение кое го објавија на социјалната мрежа Фејсбук.

 

 

 

29.07.2018 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега