Поправена пораката на Тито на Музејот на град Скопје

 

Поправена е грешката со интерпукциските знаци на пораката на солидарноста на Тито, која неодамна беше повторно поставена на источниот ѕид на Музејот на Град Скопје.

Изменетите реченици, со различно поставени точки и запирки, наидоа на реакции во јавноста, која негодуваше и за изменетиот фонт на буквите.

 Пораката беше отстранета во 2001 година, а пред седум години исчезна и трагата од лепилото. Група граѓани имаа иницијатива за враќање на поракта на солидарноста и Градот Скопје и Музејот ја вратија пред два дена во рамките на одбележувањето на 55-годишнината од земјотресо, сметајќи дека таа е нераскинлив дел од спомените на Скопје.

 

 

 

 

28.07.2018 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега