ВИДЕО: Невреме во Скопје - се споија небо и земја, вода влезе во автомобилите

Како што беше најавено, попладнево поголем дел од Македонија беше под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која се спушта од североисток и е со потекло од Црноморската депресија.
Најпогоден град е Битола, големото невреме предизвика материјални штети поточно се оштетени неколку возила поради пад на дрвја од силниот ветер.
Флоријан го поплави Ѓорче Петров, каде се споија небо и земја, а наврна толку многу што вода влегуваше во автомобилите.
Полиција им асистираше на возилата пренасочувајќи ги по заобиколни улици поради поплавите.
На повеќе места како и во скопскиот регион се појави пороен локален дожд, грмежи и засилен ветер, од нестабилност беше зафатена и североисточна и делови од источна Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









