Шилегов: Ќе се гради тунел под Кале

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во интервју за Канал 5 кажа дека наскоро ќе се почне со изградба на тунел под скопското Кале. Се очекува да биде финализиран за две години, вели градоначалникот.
„Техничкиот дијалог со потенцијалните понудувачи за изработка на овој проект завршува денеска. Очекувам дека до година ова време веќе ќе може да зборуваме за распишување на тендер за изградба на овој објект. Потребни ќе бидат околу две години за негова изградба“, кажа Шилегов.
26.07.2018 - 19:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









