Важна информација од скопската Клиника за сите граѓани

 

Од Универзитетската Клиника за Хематологија известуваат дека поради градежни активности шалтерот за хематологија времено ќе биде преместен.

„Од 1 август 2018 натаму амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот “Машки оддел“. Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети. По завршувањето на градежните работи навремено ќе известиме за повторното ставање во употреба на постојните просторни капацитети“ се вели во нивното соопштение.

 

 

 

 

26.07.2018 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега