Општините бараат дел од спомениците од „Скопје 2014”

Владина експертска работна група работи на анализа на спомениците од проектот „Скопје 2014“, на маса се и барањата на дел од општините да преземат некои од спомениците, пренесува ТВ24.
Од експертската работна група велат дека нема одлука кои и дали некои споменици ќе им бидат дадени на одредени општини, бидејќи станувало збор за нелегално поставени објекти.
Градноначалникот на Охрид, Јован Стојановски побара пред неколку месеци споменикот Цар Самоил да биде дислоциран во Охрид, бидејќи смета дека местото му е таму, но откако ќе заврши ревизијата на проектот која ја води комисија во Министерството за култура.
Една од послендите одлуки на работната група е преименувањето на Музејот на ВМРО и промените во поставките. Директорот на Музејот препозна политика во ваквиот потег, додека од власта тврдат дека поставката изобилува со низа нерегуларности.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









