Од утре нов зонски “изгор“ паркинг - на уште едно место во Скопје ќе се плаќа по 100 денари на час

Од утре ќе почне да работи новото зонско паркиралиште, зона А02, кај манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези, а паркирањето на оваа паркинг-зона ќе се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 09 до 16 часот, соопштија Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“.
„Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. СМС пораките за паркирање може да се испратат на бројот 144 144 од сите мобилни оператори во Република Македонија.На паркиралиштето е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли на кои се наведени сите неопходни информации во врска со паркирањето, времетраењето и цената. Непрописното паркирање на ова паркиралиште и непочитувањето на сигнализацијата ќе се санкционира“ пишува во соопштението
Оттаму велат дека оваа новина е дел од оптималното решение за зачувување на планината Водно и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









