Конечно: Од утре Шилегов почнува да прска против комарци

 

На средина од летото Град Скопје конечно се реши да испрска против комарци. Како што најавуваат од градските служби,  првата фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира во периодот од утре до сабота а ќе се прска во периодот од 23 до 04 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога ќе бидат поволни временските услови.

Од градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ова е прв пат градот толку доцна да прска против комарци. Граѓаните, особено оние кои живеат во близина на реката Вардар, се жалеа дека имаат големи проблеми со комарците. Шилегов се правдаше дека прскањето доцни поради проблеми во тендерската постапка.

 

 

 

 

02.07.2018 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега