Денеска избегнете ги овие места низ Скопје - затворени улици и пренасочен сообраќај

 

На планината Водно кај Скопје денеска ќе се одржи спортската манифестација „Европско атлетско првенство во планинско трчање“.

Најавено е учество на 250 атлетчари од 29 европски држави. 

Во тек на манифестацијата, во организација на  Атлетската федерација на Македонија, ќе биде пренасочен сообраќајот до Средно Водно.

Од седум до 16 часот ќе се пренасочува сообраќајот на улица „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект хотел „Панорама“ па се до Средно Водно, како и од село Нерези (етно село) до Средно Водно, информира  СВР Скопје и апелира до граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни мерки.

 

 

 

01.07.2018 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега