Се руши култното кафуле во Скопје - „Им платив 5.000 евра и на општината и на Град Скопје и пак ме рушат

 

Со маици „Имаме план за живот во Центар“, вработените од улица го гледаат рушењето на кафе-барот „Бастион“, кој се наоѓа на Ленинова (Аминта Трети). Тие симболично со шампањ, во знак на револт, велат дека го слават доаѓањето на животот, јавува Макфакс.

Порталот пишува дека механизацијата на општина Центар ја урива бетонската тераса.

Сопственикот на кафулето со документација покажува дека за користење на просторот во април платил околу 5.000 евра, и тоа 144.000 денари на општина Центар и уште толку на Град Скопје.

 

Вчера беше поканет градоначалникот Саша Богдановиќ да дојде на утринска чајанка со сопствениците и медиумите, но тој не се појави.

 

На местото присутни се припадници на полицијата.

 

Општината вчера соопшти дека справувањето со диво поставената урбана опрема, односно терасите пред угостителските објекти, ќе продолжи и во наредниот период, со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот на луѓе и на возила на целата територија на општината.

 

 

 

 

 

28.06.2018 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега