Новата плус сајз манекенка си го сака своето тело, па гола прошета низ улиците на Лондон (фото)

Фелисити Хејворд има 29 години и нејзината кариера на плус сајз манекенка се вивна во височините , кога во 2012 беше забележана од модните агенти во еден паб во источен Лондон. Таа ги одушевила додека танцувала на хитовите на Дајана Рос и агентите веднаш ја ангажирале , бидејќи им се допаднала нејзината позитивна енергија и самодовербата.

Не згрешија зашто Фелисити набргу потоа позираше за магазините  Vogue, Glamour I Numero , a соработува и со неколку познати козметички компании.

Иако плус сајз манекенките завладеаја со модните писти , Фелисити вели дека секој ден се соочува со негативни коментари за нејзината заоблена става.

Затоа , таа често носи многу малку облека и надвор од пистите.Така , деновиве на промоција на нова модна колекција во Лондон , се  појави речиси гола во прозирен фустан без ништо под него.

 

 

 

27.06.2018 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега